| четврток, 6 декември 2018 |

Се огласија од московскиот аеродром – „Не постои закана, мажот лажел дека носи експлозив“

Московскиот аеродром Домодедово соопшти дека не постои закана, по проверката на мажот кој лажно тврдел дека носи експлозивна направа.

Од аеродромот истакнаа дека мажот велел оти носи бомба при поминување на безбедносната контрола.

Дел од московскиот аеродром беше блокран поради заканата за бомба. Од управата на аеродромот соопштија дека по проверката аеродромот работи како и обично.

Во Русија во тек е Светското првенство во фудбал, во 11 градови вклучувајќи ја и Москва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top