Сите докази во случајот „Топлик“ се во корист на одбраната. СЈО не успеа да аргументира со доказ дека обвинетите сториле кривично дело. При изведување на доказите самото СЈО потврди дека целокупната постапка околу раскинување на договорот вклучително и исплаќањето на сумата ја воделе Државното Правобранителство, а не Министерството за транспорт и врски.
Во кривичен денеска во тек беше презентацијата на документи кои се предложени како докази од страна на СЈО. Специјалното обвинителство на Јанева ги читаше материјалните докази за случајот „Топлик”. Ниту еден од докази не успеа да ја докаже вината на обвинетите. Дел од доказите доставени до судот и до одбраната, не се во оригинална форма туку се копии, па адвокатот Дончо Наков реагираше по тоа прашање. Според судијата Осман Шабани тоа не било проблем и рече дека на крајот судот ќе цени и одлучи дали ќе ги прифати тие докази или не. Одбраната исто така неколку пати реагираше и на начинот на читањето на материјалните докази и бараше да не се прави анализа на истите, туку обвинителите да ја кажат причинската врска на доказите со обвинението, т.е. со „глаголите” од обвинителниот акт.
Судењето заврши попладнево, а следните рочишта се закажани на 7, 14 и 21 септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.