| четврток, 6 декември 2018 |

Холандски репрезентативец завршил во притвор – Ја претепал својата сопруга на Ибица

Фудбалскиот репрезентативецот на Холандија, Квинси Промес на својот одмор во Ибица бил приведен од полиција, а официјалната причина која е наведена е – учество во физичка пресметка со туристи. Но, за да биде ситуацијата позамрсена, според информациите на холандските медиуми, фудбалерот всушност бил приведен поради претепување на својата сопруга.

Како ќе заврши приказната за овој фудбалер, никој сеуште нема одговор, а неговиот клуб во кој настапува од 2014 година Спартак Москва, преку официјалните лица се заинтересирал за целата ситуација.

Според извештаите за инцидентот, тој на нападнал сопругата Џејми со тупаници, а имало и неколку очевидци кои се обиделе да го спречат во намерата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top