| четврток, 6 декември 2018 |

Богдановиќ им објави војна на кафанџиите во Дебар маало

Во наредните денови ќе продолжиме со отстранување на сите нелегално изградени летни тераси на кафулињата кои узурпираат јавен простор, вели градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.

Општина Центар во средата почна со акција за уривање на дивите, цврсти градби на кафулиња. Во акцијата беа урнати две тераси на улицата Аминта трети (Ленинова), кои се цврста градба и зафаќаа јавна површина. И покрај притисоците од сопствениците градоначалникот Богдановиќ за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека ќе продолжат со акцијата, бидејќи јавниот интерес на граѓаните се слободни и проодни тротоари.

„Во Општината само во последниве неколку месеци има стигнато над 100 жалби од граѓани за узурпирање на јавен простор. Сите угостители кои имаат отстапки од Правилникот за поставување урбана опрема за летни тераси на јавни површини се известени уште пред 6 месеци сами да ги отстранат во спротивно тоа ќе го сториме ние. Притисоците нема да влијаат во нашите заложби за воведување ред со летните тераси. Акцијата ќе продолжи и во наредните денови“, вели Богдановиќ.

 

По налог на општината Центар урнат дел од кафулето „Бастион“, сопствениците тврдат дека акцијата е тенденциозна

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top