| четврток, 6 декември 2018 |

Сега нашол да крева прашина: Дали принцезата Дијана и славниот пејач биле повеќе од пријатели?

Знаеме речиси сè за љубовниот живот на принцезата Дијана, за нејзиниот однос со принц Чарлс и со Доди Ал Фајед. Но приказната за нејзината посебна врска со канадскиот рокер Брајан Адамс досега не била позната во јавноста.

За време на гостувањето во емисијата „Watch What Happens Live“, Брајан Адамс проговорел за неговиот однос со покојната принцеза и изјавил дека биле многу добри пријател. На незгодното прашање дали пријателството било со „бенефиции“ или не, пејачот не сакал да одговори.

„Има многу гласини дека ти и принцезата Дијана сте биле во љубовна врска. Нејзиниот батлер има кажано дека потајно сте влегувале во Кенсингтонската плата. Како би ја опишале вашата врска?“, прашал водителот.

„Големи пријатели. Никогаш не сум криел, само се појавува. Таа едноставно беше… Бевме многу добри пријатели“, се присетил Адамс.

Дали имало нешто повеќе меѓу нив знае само Брајан, но во секој случај очигледно е дека принцезата Дијана му останала во најубаво сеќавање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top