Пратеничката од опозициското Движење Самоопределување (ВВ) Албулена Хаџиу поднесе денеска кривична пријава за косовскиот премиер Рамуш Харадинај и 17 други функционери, вицепремиери и министри, кои учествувале во донесувањето на одлуката за зголемување на сопствените плати, јавува дописникот на МИА од Приштина.
Хаџиу во оваа прилика им изјави на новинарите дека, откако овие функционери ги примија зголемените плати, тоа претставува конфликт на интереси и побара од Обвинителството да истражи како е дојдено до зголемувањето.
Според ВВ, зголемувањето на платите за владините функционери не само што е неприфатливо, туку и спротивно на Законот за плати.
Хаџиу ја најави можноста за кривични пријави и за судиите на Уставниот суд на Косово кои оценија дека во одлуката на Владата за платите нема ништо незаконско.
Извор: МИА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст