| четврток, 6 декември 2018 |

Состанок Ципрас – Столтенберг: Прво целосно исполнување на Договорот, па потоа во НАТО

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас денеска, на маргините од состанокот на Европскиот совет во Брисел, се состана со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и разговараа за договорот за името со Македонија и прашањето за двата грчки војници што ги притворија турските власти, јавуваат грчки медиуми.

Состанокот траел околу дваесетина минути и според дипломатски извори, Ципрас истакнал дека договорот за името предвидува дека сите процедури мора да се исполнат пред НАТО да ги започне разговорите за влез во ПЈРМ.

Столтенберг одговори дека НАТО се согласува со оваа рамка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top