Премиерот Зоран Заев на својот „Фејсбук“ профил објави фотографија на која заедно со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, гледаат во мапата на земјите членки на НАТО.
– Го видовме нашето место на мапата членки на #НАТО. 30. место е за #Македонија. 30. јарбол е за македонското #знаме“, напиша Заев како опис на фотографијата.
Денеска заедно со Столтенберг, Заев одржа заедничка прес-конференција на која истакна дека Македонија ја очекува официјалната покана на претстојниот НАТО-самит. Столтенберг изјави дека тој очекува на Самитот да и биде врачена поканата на нашата земја, меѓутоа потенцира дека без исполнување на договорот, Македонија нема да може да стане дел од НАТО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст