Генералниот директор на Железница Србија, Драгољуб Симоновиќ изјави дека е подготвено создавањето на заедничко железничко претпријатие на Србија, Хрватска и Словенија „Карго 10“ кое треба да го зголеми транспортот на железничкиот Коридор 10.
– Владата на Србија даде поддршка за формирање на претпријатие Карго 10 и веќе испративме договори на потпишување во Словенија и Хрватска, вели Симоновиќ за Танјуг.
Според него, особено е важно за транспортот по овој коридор да се намали задржувањето на возовите на границите со Хрватска и Македонија, каде не би требало да се чека повеќе од 30 минути.
Седиштето на компанијата најверојатно ќе биде во Љубљана, а заедничката железница ќе располага со пет проценти од вкупниот број возови на железниците од трите земји. Србија, Словенија и Хрватска би требало да имаат по една третина од уделот во Карго 10.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.