Без разлика дали се работи за брак или врска, сите сакаме да најдеме некој кој ќе биде со нас и во добро и во лошо. Меѓутоа, ѕвездите не им се на сите подеднакво наклонети кога се во прашање долгите љубовни врски. На следниве три знака им треба многу време за да запловат во долга и стабилна врска…
Девица
Луѓето родени во знакот Девица од самиот почеток немаат предиспозиции за врска, поради нивната изразена критичка природа и потребата да ги менуваат партнерите со цел да ги прилагодат на себе. Девиците ќе го очекуваат невозможното од вас и потајно ќе ве тестираат, бидејќи не сакаат да бидат со некој кој не ги исполнува сите нивни критериуми.
Скорпија
Скорпиите имаат многу квалитети со кои ќе ве привлечат. Меѓутоа, поради нивната амбициозност и жед за успех, нема да сакаат да се прилагодуваат на вас и да ви ги исполнуваат желбите. Вистинско чудо е да видите личност родена во овој знак која ги става туѓите потреби и желби на прво место.
Овен
Иако ќе ве привлечат со нивната самодоверба, Овните мора да имаат контрола врз секоја ситуација. Ќе ве излудат со нивното опсесивно планирање и желба секогаш да бидат во центарот на вниманието. Припадниците на овој знак не можат да ги поднесат луѓето со подеднакво интензивен карактер, па ако забележите дека врската со Овенот ви оди доста добро, бидете свесни за фактот дека тој доминира со вас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст