Академикот лингвист Илија Чашуле најавува повлекување од Македонската Академија на науките и уметностите доколку таа согласно договорот со Грција биде преименувана во Академија на Северна Македонија.
“Заборавив дека сум академик на Македонската академија на науките и уметностите (надвор од работниот состав) но нема да бидам член на Северномакедонската академија или на Академијата на науки на Северна Македонија”, објави академикот денеска.
Според договорот со Грција сите институции кои се финансирани од државниот буџет ќе треба да се именувааг според новото име односно од македонски да станат институции на Северна Македонија.
Илија Чашуле е роден во 1957 година во Скопје. Факултетското образование, магистратурата и докторатот ги завршува во родниот град, на Катедрата за македонски јазик. На Филолошкиот факултет во Скопје предавал општа лингвистика осум години.
Во 1987 година заминува во Австралија каде 13 години беше шеф на Катедрата за македонски јазик на Универзитетот “Маквори” во Сиднеј. Од 2000 година е професор на Катедрата по лингвистика каде предава теорија на јазик, историска лингвистика и историја на индоевропските јазици.
Автор е на 6 книги и на повеќе од 90 статии објавени во истакнати европски и светски научни списанија.
Академик Чашуле беше потписник на прогласот на 200 интелектуалци со кој се бараше прекин на разговорите за уставното име.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст