| четврток, 6 декември 2018 |

Три дена по свадбата изби голема кавга: Филип од Александра барал нешто што неа ја шокирало

Пејачката Александра Пријовиќ закажала летни настапи неколку месеци пред венчавката, а она што не го очекувала е дека нејзиниот сопруг Филип Живоиновиќ ќе бара таа на закажаните тезги, газдите на клубовите каде ќе настапува, да ја потпишуваат како госпоѓа Живоиновиќ.

Имено новопечениот пар долго време разговарал на темата за презимето и додека пејачката сака кариерата да ја продолжи со моминското презиме, нејзиниот сопруг не попушта.

-Се почна кога се наближи нејзиниот настап на еден сплав. Иако некое некое време поради свадбата и големиот број обврски не зборуваа на таа тема, Филип изразил желба на првиот настап по венчавката Александра да се појави како Живоиновиќ. Александра во прв момент мислела дека тој се шегува и дека сето тоа е симпатично, но со оглед на тоа дека Филип со денови спомнувал дека сака таа да настапува со новото презиме, пејачката сфатила дека работата е посериозна отколку што мислела- рекол извор близок до парот, додавајќи дека Александра се плаши како промената на презимето ќе се одрази врз нејзината публика во странство.

Иако Александра отворено рекла дека и треба време за да размисли, Филип ја зел работата во свои раце и веќе го подготвил теренот.

-Со неколку сопственици на ресторани направил флаери на кои наместо моминското презиме на Александра, стои Живоиновиќ. И самиот призна дека е чудно, но се теши дека луѓето ќе се навикнат. Тој нема зла намера и ја сака Александра повеќе од се, но сака таа гордо да го носи своето ново презиме и смета дека семејството треба да биде пред кариерата- заклучува изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top