Атина бараше и доби „брз договор“ со Зоран Заев, онака по теркот со кој Заев склопи договор со Бугарија. Неспорно, зошто не би побарале брзина од челник на една држава кој што прифаќа се’ на штета на својот народ? Но, ако од овој денешен агол се анализира што беше тоа што Атина го виде како адут во таа брзина, тогаш како и секогаш ќе мора да се вратиме на старата добра изрека „ѓаволот е во деталите“.
Заев со Бугарија сруши неколку ѕидови на Македонскиот бедем поставен пред клучните национални и државни интереси за било која држава на Балканот: сопствената историја, јазичната посебност и секако грижата за своето малцинство во соседството.
И токму тоа ги загреа надежите на Грција, ги разбуди нивните ниски страсти стари повеќе од еден век, дека од другата страна на границата имаат работа со човек кој во моментот им е „лесна равенка“.
Тоа што за Грција е проблем е постоењето на Македонците, и во делот на Грција и во Република Македонија. Во годините кога ова прашање беше дигано на степен на безбедносно, односно меѓу највисоките и најзначајните прашање за стабилноста на државата.
За Грците, отворениот Зоран значеше протнување на се’ што до сега беше камен на сопнување на разговорите, а Грција во светски рамки тонеше се подлабоко како држава која не ги почитува основните човекови права на самоопределување и заради тоа се изживува врз цел еден соседен народ. Згора на тоа, во поблиската историја вршел терор врз свои граѓани, малцинство, кои се дел од истиот тој соседен народ.
Еден од главните детали во двата договори на Заев се комисиите кои со години ќе вршат ревизија, односно ќе бришат, се’ она што значи македонска историја базирана на факти. Под изговор за иредентизам, со една комисија ќе се бришат делови од честите воени судири кои го тресеа регионот минатите сто години, ќе се брише дека соседите на овие територии биле окупатори а не ослободители, дури ќе се брише и дека биле фашисти. Можеби и дека биле дел од нацистичката оска!
Другата комисија пак ќе брише имиња. Онака како штозаедно со Заев го „збришаа“ Македонија и Македонско, сега ќе се бришат топоними, имиња на села, на места, на реки, на планини, на езера, на се она што македонските деца, учениците, во своите учебници, карти и атласи, би можеле да прочитаат македонско име под границата со Грција. Отворениот Зоран и овозможи на Атина во следните неколку години да го реализира указот од грчкото министерство за внатрешни работи стар дури еден век.
Грција свесна за значењето на топонимите кои го имаат во процесот за реимагинацијата на територијата во 1919 г. со указ на МВР, на сила ги менува топонимите бидејќи, пишува меѓу другото, тие даваат повод за неповолни заклучоци за грчката нација. „Топонимите имаат свој живот, своја историја со жителите, своја причина, затоа мора да бидат променети“ пишува во документот стар еден век.
Оттука, не само што отворениот Зоран се откажува од грижата за македонското малцинство во соседството, со што преименуваната нација ја претвора во вештачка, туку и ги сече идните врски, заедничките корени на идните генерации со оние со кои и ден денеска имаат блиски роднински врски.
Во таквото преименување, за идните генерации Солун ќе е Тесалоники, родниот Кукуш на Гоце Делчев ќе биде Килкис. Воден- Едеса. Кутлеш- станува Вергина! Костур- Касториа!Сер- Серес! Руља, родното село на Коте Коста Христов, е преименувано по него, Котас.
Ваква „услуга“ од оваа страна на границата не можела да сонува ниедна грчка политичка гарнитура. Можеби Нивици, актуелното Псарадес, во чест на отвореноста, наскоро ќе го понесе името Заевис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст