СИЛВИЈА која многу долг период беснееше над Македонија и најмногу ја погоди соседна Грција и услови големи поплави и големи штети конечно губи на сила.
Во текот на денешниот петочен ден времето во државава ќе биде претежно облачно но потопло. Локално ќе има повремени сончеви периоди.
Се очекуваат и локални врнежи од дожд проследени со услови за појава на грмежи и тоа особено во попладневните часови.
Ќе дува умерен ветер претежно од западен и од северозападен правец кој повремено ќе засилува на интензитет особено на југозападот и на северот од државава.
Максималните дневни температури ќе бележат тенденција на пораст на пораст и истите ќе се искачуваат во интервал од 18 до 27 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.