| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ ја субвенционира италијанската мафија

Veternici

 

Италијанската мафија најде нов начин за перење на пари- вложува во изградба на ветерници, а за тоа истовремено добива и субвенции од Европската унија.

Европол открил дека ветерниците и другите обновливи извори на енергија се најпопуларен избор за перење пари. До ова откритие дошле анализирајќи ги финансиските активности на четири италијански мафијашки групи.

Индустријата на обновливи извори на енергија е еден од ветувачките сектори во Италија и покрај борбата со рецесијата. Само во 2012 година во оваа индустриска гранка биле отворени 5.000 работни места.

Неодамна италија ја направи најголемата заплена на мафијашки имот во историјата. Беа одземени десетина компании кои се занимавале со алтернативна енергија, а имале вредност од 1,25 милијарди евра.

57 годишниот сопственик Вито Никастри, наречен „крал на ветрот“ поради многу ветерници кои ги поседувал, во нив вложувал пари добиени од изнуда, продажба на дрога и други илиегални активности кои ги правел за шефот на Коза Ностра, Матео Месино Денара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top