Бразил се пласираше во осминафиналето на Светското првенство во Русија, но сепак, „кариоките“ имаа доста проблеми во групната фаза. Првата ѕвезда на Бразил, Нејмар, разочара во првите три натпревари, но затоа неговиот соиграч Филипе Кутињо експлодираше.
Кутињо засега е херој на Бразил, на кого му успеја да асистира или да постигне гол во секој од првите три натпревари на Мундијалот во Русија.
Така стана првиот Бразилец по легендарниот Пеле и 1958. година кој успеја директно да учествува во барем еден гол на сите три први натпревари на Мундијалот. Креативецот на Барселона погоди против Швајцарија и Костарика, додека на последниот натпревар против Србија му асистираше на Паулињо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст