Македонската кошаркарска репрезентација претрпе пораз од Швајцарија со 85:79 на гостувањето во Фрибург на последниот натпревар од претквалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2021 година.
Македонските кошаркари досега во групата имаа максимални три победи и посакуваа со триумф да го потврдат првото место, но и покрај овој пораз првичната цел е остварена, односно пласман во следната квалификациска рунда.
Избраниците на селекторот Јорданчо Давитков лошо го почнаа натпреварот и по неколку минути игра Швајцарија направи предност од девет поени.
Иако, во втората четвртина македонските кошаркари успеаја да се консолидираат, сепак Швајцарците не дозволија да ја загубат предноста.
На полувреме Швајцарија замина со водство од 47:42.
И во второто полувреме швајцарските кошаркари ја одржуваа предноста до половината на последната четвртина кога израмнивме на 74:74. Но, Швајцарците повторно успеаја да го диктираат резултатот до самиот крај, а македонските кошаркари не реализираа два напади во финишот на натпреварот и домаќините триумфираа со резултат 85:79.
На првиот меѓусебен натпревар во Скопје, Македонија победи со 83:68.
Извор: Миа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст