| четврток, 6 декември 2018 |

Итна евакуација на три трговски центри во град каде што се игра Светското првенство

Три трговски центри се итно евакуирани денеска во рускиот град Самара на југозападот на Русија.

Самара е еден од градовите каде што се игра Светското првенство во фудбал, а евакуирани се трговските центри поради закани од бомби, јавуваат локалните медиуми.

Во центрите дошле припадници на службата за вонредни состојби со кучиња трагачи, пренесува Ројтерс.

Заканата била упатена преку телефон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top