| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен убиецот од Зрче при обидот да побегне од Хрватска

Хрватската полиција го приведе осомничениот за убиството на британски турист на популарната плажа Зрче на хрватскиот остров Паг, при обидот да побегне од државата на аеродромот во Сплит.

Според хрватските медиуми, до конфликт дошло поради ампули со алкохол, кои се испуштаат во балон, а испарувањето се инхалира. Во инцидентот биле вклучени две групи дилери, при што дошло најпрво до физичка, а потоа и вооружена пресметка, изјавил сведок и очевидец, чиј идентитет хрватската полиција не го открила за тамошните медиуми.

Телото на 26-годишниот Уго Вилсон од Лондон кој вчера беше убиен на плажата Зрче беше пронајдено пред ноќен клуб на Паг. Осомничениот е идентификуван преку снимките од надзорните камери. Инцидентот се случил за време на фестивалот Хајд-аут, кој е омилен меѓу британските туристи. Во овој дел од островот моментално престојуваат околу 12.500 британски туристи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top