Жртвите на сопственикот на комуникација.мк Бобан Насев почнаа да ги пријавуваат измамите во полиција. Деновиве уште четворица граѓани пријавиле дека им се претставувал како директор во мобилниот оператор ВИП, директор на Агенцијата за мледи и спорт, менаџер на фестивал кој не се одржува повеќе од 10 години, функционер во Агенцијата за управување со конфискуван имот, пишува Прес24.
На сите нив им ветувал вработување со неверојатни приказни. На еден како директор во ВИП му ветил специјализација за ќерката во САД и вработување во Владата како дипломат за односи со јавност. Му наплатил 6.000 евра за лажна диплома по англиски за неговата ќерка со која ширум би и се отвориле портите кон успехот.
Како наводен директор во Агенцијата за млади и спорт успеал од штипјанка да земе околу 6.000 евра за вработување како негова асистентка и службено патување со него во Амстердам.
Слично постапил и наплатил и кога се претставил како директор на Агенцијата за конфискуван имот.
Најневеројатно е како измамил кочанчанец дека неговиот син ќе настапи на фестивал кој не се одржува повеќе од 10 години.
Од овие оштетени прибавил вкупно 19.500 евра. Претходно го пријавија петмина со кои вкупниот профит на Насев достигнува до 40.000 евра.
Тој е во притвор со одлука на истражен судија за повеќе дела на измама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Падна уште еден функционер на СДСМ во Прилеп: Присвоил над 8 милиони денари
-
Лажен доктор му понудил помош и му зел пари – Скопјанец остана без 12.000 денари
-
Тетовка измамила пет лица за 2 500 евра: Лажела дека е пријателка на Оливер Спасовски и нудела работа во јавна администрација
-
Тетовка ветувала вработувања во администрација, пет лица останале и без пари и без работа