Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, придружуван од генералниот секретар Игор Јанушев, оствари средба со Роберт Бенџамин, директор на Националниот демократски институт (НДИ) за Европа и претставниците на НДИ за Македонија, директорот Крис Хеншоу и неговиот заменик Роберт Скот Хејзлет.
Од партијата информираат дека на средбата се разговарало за актуелната политичка и економска состојба во земјава, но и за стратешките цели на Република Македонија како влезот во ЕУ и НАТО.
-Мицкоски и Бенџамин ја поздравија досегашната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и НДИ и беше заклучено дека постои можност за нејзино понатамошно унапредување. Претседателот Мицкоски го информираше директорот на НДИ за Европа, Бенџамин за немањето демократски капацитет и злоупотребата на институциите од страна на власта. Тој исто така се осврна на немањето капацитет на власта да ги спроведе реформите и да се справи со корупцијата што беше потврдено и на состанокот на министрите на земјите членки на ЕУ поради што земјава не доби покана за членство во унијата, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски изрази загриженост за лошата економска ситуација во која се наоѓа државата што резултира со се поголемо осиромашување на граѓаните на Република Македонија.
Претседателот Мицкоски посочи дека стратешки приоритет на Република Македонија е членството во ЕУ и НАТО, кое треба да биде резултат на спроведени реформи и владеење на правото, а не на штетни договори кои наидуваат на осуда во јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


