| четврток, 6 декември 2018 |

Манекенка ги разгневи Израелците – се сликаше гола пред Ѕидот на плачот

Белгиската манекенка со остри рекации помина во Египет , каде се сликаше гола пред пирамидите . Минатиот септември таа мина 24 часа во притвор поради слична фотографија во Луксор. Фотографијата пред Ѕидот на плачот е дел од колекцијата што е објавена во Белгија.

Но , ваквиот вид уметност ги разлути Израелците. Оваа фотографија е на продажба во галерија во белгиското летувалиште Кноке.

Фотографијата е потпишана со наслов ,,Пат кон ослободувањето “ . Фотографот Матијас Лембрет освен за позата на манекенката беше прозиван од Израелците зошто од фотографијата ја избришал џамијата Ал акса , која се гледа од тоа место.

Рабинот задолжен за ѕидот на плачот во Ерусалим , Шмуел Рабинович вели дека станува збор за несреќен и непријатен инцидент , кој ги навредува сите што се молат на тоа место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top