| четврток, 6 декември 2018 |

Милан надвор од Европа

Фудбалскиот клуб Милан е отфрлен од Лига Европа за наредната сезона. Казната дојде поради кршењето на правилата за финансискиот фер плеј и Милан нема да може да настапи во Лига Европа наредната сезона.

Милан оваа година обезбеди пласман во Лига европа, но поради казната нема да ги гледаме на ова натпреварување.

Во соопштението од Европската куќа на фудбалот наведоа:

„Милан нема да може да учествува во клупските натпреварувања кој ги организира УЕФА во сезоната 2018/19 како и уште една сезона во која ќе се квалификува низ домашните натпреварувања. На оваа одлука е можно да се поднесе жалба на Судот за спортска арбитража. Потполна одлука со објаснување се очекува набрзо на Uefa.com“

Ова е најстрогата казна изречена на еден клуб од најдобрите лиги поради кршење на праивлата околу финансискиот фер плеј. Досега клубовите беа казнувани парично, но во овој случај Милан има огромни проблеми поради долговите и кредитите кој ги поседува клубот.

Доколку Милан поднесе жалба, а сигурно тоа ќе се случи, одлуката по жалбата ке мора да биде донесена пред терминот за второто квалификациско коло за Лига Европа во кое Милан треба да учествува (29 јул).

Ако се случи да не се промени одлуката и Милан биде суспендиран, Аталанта директно се пласира во групната фаза на Лига Европа, а Фиорентина ке го превземе местото на Аталанта во квалификациите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top