| четврток, 6 декември 2018 |

Славната Хурем живее опуштено: Сама се грижи за ќерка и’ и користи јавен превоз

Мерјем Узерли, ѕвездата од мегапопуларната серија „Сулејман Величенствениот“, која ја глумеше султанката Хурем, е една од најславните турски актерки. И покрај гламурот што се поврзува со нејзината професија, убавата Турчинка со германско потекло живее сосема обичен живот.

Сама се грижи за ќерка и’ Лара и го споделува секој важен настан од својот приватен живот со нејзините обожаватели. Во текот на бременоста, актерката минувала низ приватна драма поради која била во тешка депресија и морала да се лекува.

Токму нејзината тешка здравствена состојба била причината зошто го напуштила снимањето на серијата „Сулејман Величенствениот“ каде што ја запозна македонската публика. По бројните конфликти и малтретирања од тогашниот партнер, Кан Атес, таа се обидела да се самоубие. Денес, сето тоа е зад неа и таа живее како обична нормална млада жена и покрај нејзината голема слава.

Мерјем и ќерка и’ Лара се вистински тандем! Откако славната актерка ги покорила црвените теписи во Кан, таа веднаш се вратила на својот едноставен и среќен свет. Имала неколку кратки љубовни врски, но се чини дека најцврстата врска во нејзиниот живот е токму таа што ја има со својата принцеза која во изминативе четири години и’ донела голема среќа.

„Во реалноста јас сум нормална, како и секоја друга жена на планетава. Не ми се важни парите и славата, само сакам да живеам спокојно со мојата ќеркичка“, изјавила таа.

#7am #💤 #❤ Styling 👗 : #desperatehousewife 😳🙈😄🤣💋💃 #moodfilm

A post shared by meryemuzerlimeryem (@meryemuzerlimeryem) on

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top