Претседателите на САД и на Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се сретнат во Хелсинки на 16 јули, објавија Белата куќа и Кремљ во синхронизирани соопштенија.
Трамп вчера изјави дека ќе се сретне со Путин по Самитот на НАТО во Брисел, што ќе се одржи на 11 и 12 јули.
Тој наведе дека со Путин ќе разговараат за војната во Сирија и ситуацијата во Украина. Американскиот претседател претходно изјави дека сака подобри односи со Русија.
Последната средба Трамп – Путин беше на маргините на Азиско-пацифичкиот самит во Виетнам во ноември минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст