| четврток, 6 декември 2018 |

Преговорите уште немаат абер од започнување, а Заев најави нивно завршување во 2025

Според искуствата од тоа колку траеле преговорите со Европската Унија, Македонија би ги завршила во 2025, кажа премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск.

Оваа година е предвидена и во Стратегијата за проширување на ЕУ, како година кога би се примиле нови членки.

Заев, исто така, истакна дека денеска во Брисел во срцето на Европа е потврдена големата вест Република Македонија да добие датум за преговори во јуни 2019.

– Нашата земја го заслужи тоа. Лидерите на ЕУ рекоа „ДА“, земјата го заслужува тоа. За само една година Република Македонија е земја позитивни промени, на инклузивност, политички дијалог, за политичка волја за решавање на проблемите со соседите, рече на прес-конференцијата премиерот Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top