| четврток, 6 декември 2018 |

Никола Љушев, нов главен извршен директор на „Телеком“

Никола Љушев стапува на позицијата главен и извршен директор на „Македонски телеком“ од 1 јули 2018 година.

– Љушев доаѓа во ‘Телеком’ со долгогодишно искуство на највисоки раководни позиции во „Дојче телеком групацијата“, во ‘Космофон’, како и во ‘Телеком Австрија групацијата’. Последнава година ја извршува функцијата главен извршен директор на црногорски Телеком (членка на ‘Дојче телеком групацијата’), период во кој компанијата за првпат по шест години прави пресврт во работењето и бележи раст, поради што ќе продолжи истовремено да ја извршува и таа функција“, соопшти денеска „Македонски телеком“.

Оттаму додаваат дека Љушев е дипломиран електротехнички инженер во областа на електроника и телекомуникации, со надополнето образование за корпоративен менаџмент на престижни меѓународни школи и универзитети, меѓу кои и Харвард бизнис-школата, ИНСЕАД, Универзитетот во Чикаго и други. Престижниот магазин Global Telecom Business – Лондон двапати го има избрано, во 2010 и 2011 година, за еден од четириесетте најдобри извршни директори под 40-годишна возраст во телекомуникацискиот сегмент во светски рамки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top