Сопствениците на фудбалските клубови неретко знаат да бидат нетрпеливи и гладни за успех, па заради тоа многу често да ги менуваат тренерите, но овој случај со српскиот стручњак, Синиша Михајловиќ е навистина необичен.
Португалскиот гигант Спортинг од Лисабон се наоѓа во голема криза, па на изненадување на многумина се одлучил да ја искористи клаузулата во договорот и да го отпушти српскиот тренер само девет дена по неговата промоција во Лисабон.
Отказот на Михајловиќ е резултат на промените кои се случија во раководството на Спортинг. Новиот претседател на клубот, Соуза Синтра, го откажа договорот со поранешниот српски селектор.
Михајловиќ потпиша тригодишен договор вреден шест милиони евра, додека Синтра на прес-конференција изјави дека ќе му се исплати надомест од 300.000 евра за раскинот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст