| четврток, 6 декември 2018 |

Медицинска сестра уапсена за измама- лажела дека е пријателка со Имер Селмани

Медицинска сестра од Штип е уапсена поради измама на леркарка на која и ветувала дека ќе и подмири долгови користејќи ги врските со поранешниот министер за здравство Имер Селмани.

Сестрата во неколку наврати изминатите години и тврдела на лекарката од Штип, кај која била вработена, дека добро се познавала со Имер Селмани, како и дека била блиска пријателка со страта на поранешниот министер. Таа и ветила на лекарката дека ќе ги искористи контактите за да и ги подмири долговите кон Фондонт за здравство, а за тоа и зела одредена сума пари.

По неколку години мамење, лекарката конечно го пријавила случајот во полиција, по што медицинската сестра била приведена, а истражен судија и одредил мерка домашен притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top