| четврток, 6 декември 2018 |

Шилегов: Не сум пијандура, пијам малку

На денешната седница за советнички прашања во советот на град Скопје се разви дискусија за темата ваучери за алкохолизирани лица, акција која ја промовираше градонацалникот Шилегов.

Советничката Јелена Жугиќ го праша градоначалникот Шилегов колку е задоволен од искористеноста на акција такси вауцер. На оватој имаше излагање во кое кажа дека со акцијата неоправдано му се залепила етикетата дека е пијаница.

– Не сум пијандура, не сум се напил алкохол воопшто, или ако пијам тоа е многу малку. Јас сум успешен човек и имам заработено неколку милиони евра. Неоправдано ми се лепи етикета, а акцијата за ваучери е од хумани прицини воведена, изјави Шилегов.

Градонацалникот на Скопје изјави дека со акцијата се сака да им се овозможи на лицата кои ке направат он- лајн резервација во одредени угостителски објекти, да добијат такси ваучер од 100 денари. Советничката Жугиќ изјави дека и покрај емотивното излагање на градонацалникот, јавноста не дозна колку е успешна акцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top