| четврток, 6 декември 2018 |

Прво кај кумовите, па на тропски острови: Еве каде Александра и Филип ќе го поминат медениот месец

Српската пејачка Александра Пријовиќ и посинокот на Лепа Брена, Филип Живоиновиќ пред точно една недела се заколнаа на вечна љубов, а како што пишуваат медиумите од соседството, тие првата брачна ноќ ја минале во луксузен хотел во Белград.

Според пишувањата на Ало.р, тие заради настапите на Александра ќе мораат малку да го одложат медениот месец, а прва дестинација ќе отпатуваат како сопружници ќе биде Лос Анџелес. Таму ги поканиле кумовите, познатиот српски кошаркар Милош Теодосиќ и неговата сопруга Јелисавета, а младенците не се двоумиеле многу за да ја прифатат понудата.

– Александра и Јелисавета добро се согласуваат, па веќе планираат каде можат да прошетаат, кои бутици да ги посетат, така што ова нема да биде класично брачно патување, открил изворот за Ало.рс кој додал дека оттаму двојата ќе оди на Малдиви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top