Винстон Блекмор успеал 24 пати да се ожени , поради што судот го осуди на шест месеци казна домашен притвор. Од куќата ќе може да излезе единствено ако му е потребна итна здравствена нега. Џејмс Олер , пак , кој се оженил со пет жени доби казна од три месеци домашен притвор.
Во наредните 12 месеци и двајцата ќе бидат на условна казна , што значи нема да смеат една година да се венчаваат. Блекмор доби и кзна од 150 часа општо корисна работа , додека Олер е казнет со двојно помалку.
Судијата Шери Ен Донеган изјави дека и двајцата се вредни работници , кои ги почитуваат законите , но не можела да не ги осуди со оглед на фактот дека некои жени кога стапиле во брак со нив биле малолетни , па дури и помлади од 15 години.
61 годишниот Блекмор , кој со своите жени има 149 деца изјави дека никаква пресуда нема да го спречи да продолжи со својот животен стил .
И Блекмор и Олер се членови на Мормонската црква , која застапува за брак со повеќе жени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст