| четврток, 6 декември 2018 |

Синот го избол татка си со нож среде бел ден во Битола, итно пренесен на скопските клиники

Вчера околу 14.15 часот било пријавено дека во Битола на булеварот „1-ви Мај“ при семејна расправија К.Ѓ. (18) со нож го прободел својот татко А.Ѓ.(50) во пределот на грбот. А.Ѓ. бил пренесен во Клиничката болница во Битола, но поради сериозноста на повредите бил препратен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Битола. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top