Синоќа во 23.40 во Скопје, на улицата „Јужноморавски бригади“, населба Ченто, 15 – годишен малолетник од Скопје управувајќи мопед „Лонгија“ со скопски регистерски таблици изгубил контрола над мопедот, се излизгал со мопедот надвор од коловозот и паднал на тротоар.
Со возило на Итна медицинска помош тој и неговата сопатничка (на иста возраст) биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде од страна на лекар на малолетникот му биле констатирани тешки телесни повреди (животно загрозувачки) и бил задржан на понатамошно лекување.
Сопатничката се здобила со телесни повреди и по укажаната лекарска помош била пуштена на домашно лекување. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст