| четврток, 6 декември 2018 |

И мајка ми се бореше против нив: Српско семејство нападнато вчера на трибините на мечот Бразил – Србија

На вчерашниот меч кој Србија го загуби од Бразил (0-2), тричлено српско семејство беше физички нападнато од страна на навивачи со бразилски дресови.

На фотографиите може да се забележи како неколку млади Бразилци тепаат постар човек, а помеѓу нив е заробена една жена, која исто така доби неколку удари. Синот на нападнатиот Србин објаснил што се случи на трибините:

– Од почетокот добивавме неубави провокации од страна на бразилските фанови. Ни дофрлуваа пцовки и ни покажуваа среден прст. Бев на натпреварот со мојот татко и мајка, која мораше сето тоа да го гледа и слуша. Мојот татко поголемиот дел од времето молчеше, но на крај им рече да престанат. Тогаш еден Бразилец стана и тргна кон него. Него му се придружија уште седум навивачи кои започнаа да го тепаат татко ми. Секако јас застанав во негова одбрана. На голема жал и мојата мајка се бореше против нив, раскажал тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top