| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп и Путин најверојатно ќе се сретнат во Хелсинки

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека средбата со рускиот претседател, Владимир Путин најверојатно ќе случи во Хелсинки, по самитот на НАТО во Брисел на 11 и 12 јули, пренесува „Ројтерс“.

Трамп откри дека тој и неговиот руски колега ќе разговараат за војната во Сирија и ситуацијата во Украина.

Претходно, советникот за национална безбедност на Трамп, Џон Болтон беше во посета на Москва, каде оствари средба со рускиот претседател, Владимир Путин. Потоа беше објавено дека е донесена одлука за местото и времето на одржувањето на средбата меѓу двајцата претседатели, но не беа откриени деталите.

Последен пат Трамп и Путин се сретнаа во Виетнам, во ноември 2017 година, на маргините на Азиско-пацифичкиот форум за економска соработка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top