| четврток, 6 декември 2018 |

Заев со честитка до Меркел: „Ова е голема победа за Германија, се отвора патот кон СП 2022“

Премиерот на Македонија господинот Зоран Заев им ја честиташе големата победа на фудбалерите на Германија во мечот против Јужна Кореја после кој, како што истакна „се отвора чист кристален пат за Германија кон освојување на светското првенство во 2022 година“.

„Германија демонстрираше одлична игра и е наградена за својот труд, напор и напредок на светското првенство во Русија. Со резултатите кои ги постигна е јасно дека Германија има кристално чист пат за освојување на светскиот трон на наредното светско првенство во 2022 година во Катар или слично“, изјави на вонредна прес-конференција премиерот господин Зоран Заев.

Тој со својата препознатлива голема широка насмевка со нескриени симпатии говореше за големата победа на Германија, упатувајќи директна честитка до својата колешка канцеларот Ангела Меркел:

„Иако треба да поработи на неколку реформи во одбраната и нападот, да биде првопласирана во квалификациската група и да ги победи сите 7 напреввари кои ќе ги игра на светското првенство во Катар 2022 година, јасно е дека ова не е условена победа на Германија туку огромна, огромна победа која го отвора патот до тронот на наредното светко првенство или слично, и за тоа ви честитам вам и на германските граѓани за кои сигурно ова е и Божја правда за несебичната поддршка на македонските евро-интеграции или слично“, додаде еуфоричниот и возбуден премиер господин Зоран Заев.

„Сакам да знаете дека мојата лична поддршка за вас ќе продолжи и дека со нашата поддршка бидете сигурни дека Германија секогаш ќе продолжи да победува или слично, како што впрочем победи и против Јужна Кореја. Кога го потпишувавме договорот за големата победа на Македонија со Грција во Нивици и кога го возам својот мотор или слично, бев премногу радосен, но чувството кое го имам во моментов, боботам и жуботам за Германија, не може да се споредува со тие моменти или слично. Ќе шупотат наредните генерации за оваа голема победа на Германија или слично“, го заврши своето вонредно излагање на прес-конференција господинот Заев.

Зоран Минхаузен

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top