Македонија и Албанија не го минаа филтерот за почнување преговори со ЕУ. И тоа беше за очекување. Наместо полна уста со ЌЕ, власта требаше да има полни раце работа.
Забелешките беа очекувани, особено по нонпејперот од државите основачки на Унијата, кои, како што и сега е наведено, со право замерија дека Македонија не сторила ништо по забелешките од Рајнхард Прибе за судството, за администрацијата, за корупцијата чиј што врв се повеќе се поврзува со Илинденска број 2.
Но, актуелната европска НЕ-одлука за оваа ЌЕ влада повторна навраќа на едно суштинско прашање.
Во првата половина на април, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски јавно од телевизиско интервју директно го праша вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи дали тој намерно ги кочи европските реформи?
-Поминува една недела откако јавно го прашав потпретседателот на Владата задолжен за евроинтеграции, Бујар Османи, дали е вистина дека има договор со министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, според кој намерно треба да се кочат реформите во Македонија и да не се спроведува целосно планот 3-6-9 со цел катастрофално ниското ниво на реформи во Албанија да не изгледа така катастрофа- напиша потоа во своја колумна Николовски.
Проширувањата на ЕУ одат во групи. Една група Србија и Црна Гора, втора Албанија, Косово и БиХ. Македонија е на средина имајќи ги предвид реализирани реформи пред Албанија. Но, Тирана за да „избега“од групата со Косово и БиХ, а од друга страна да не ги реализираат потребните реформи, наоѓа партнер во ДУИ.Во тој контекст, Николовски обвини за договор на Османи со Бушати. Бушати, според информациите на Николовски, побарал Османи да забави и да не ги испорача суштински реформи во клучните области, во делот на поглавјата 23 и 24, а тоа е владеењето на правото и борбата против корупцијата. Оттука, Николовски посочува и на смената на министерот за правда, кадар на ДУИ, токму заради неисполнување на реформите.
Османи долго потоа овие обвинувања ги нарече „произлезени од посебен оддел за научна фантастика“. Сега, пак, Османи, кој сега заедно со Заев и Димитров се обидува да го претстави за успех тоа што Македонија со Албанија се впишани во агенда за разгледување за дури една година, има сериозен проблем да објасни- дали навистина шуруваше со Бушати, Македонија да не напредува со реформите?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.