Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата „Само вистина“ рече дека е посебно изненаден и непријатно разочаран што оваа Владата предводена од СДСМ со сите сили се насочи само на едно прашање за кое потпишаа капитулација.
-Ги прифатија целокупните грчки позиции,односно прифатија ултиматум. Нашите црвени линии во минатото многу пати беа кажани. За мене единствено прифатливо решение, Уставното име Република Македонија, а за идентитетските прашања националност и јазик не се преговара зошто тие права се стекнати права. Тоа се позициите на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш додаде дека ова е капитулански договор, штетен за Република Македонија. Тој исто така е убеден дека можело да се потпише многу подобар договор со многу подобро решение од она што го имаат сервирано Грците и Зоран Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст