При крајот на рочиштето на предметот ,,Траекторија,, се случија благо кажано чудни работи. Имено, додека во судската сала се слушаа разговорите од т.н. бомби, и обвинителството, и одбраната и судот, паралелно слушајки следеа што пишува и во транскриптите на тие разговори дадени од страна СЈО. Ова затоа што на моменти разговорите се потешко разбирливи или се зборува пребрзо, па напишаниот текст на транскриптите се помошно средство врз кое во голема мера се потпираат сите во салата, вклучувајки го и судот.
Наеднаш, одбраната побара збор и реагираше на различно напишани зборови во транскриптот од она што го се слуша на снимката. Но, разликите или грешките воопшто не беа мали, а се чини ни случајни. Имено, во еден од разговорите Груевски го прашува Јанакиески ,,зошто 17-те позиции,, не им ги дал на кинезите порано. Тие во тој момент се во технички разговори со двете кинески фирми. Но, наместо зборот ,,позиции,,, во транскриптот на кој сите се потпираа, стои зборот ,,провизии,,.
Во истиот разговор Груевски му вели на Јанакиевски зошто порано не разговарал со кинезите околу 17-те моста (мостови), а во транскриптите стои 17 % (осто).
Подоцна реагираше и Владимир Пешевски на неточен превод од англиски, но многу симптоматично неточен. Имено, во разговор читаат од некој нацрт договор термин ,,provisional sum,, kој е преведен како ,,сума за провизија,,, а вистинскиот превод е ,,приближен износ,,.
Обвинителката од СЈО немајки избор ги прифати забелешките и беше во многу непријатна ситуација бидејки наводните грешки очигледно сериозно ја менуваат суштината и ги набедуваат обвинетите за корупција. Обвинителката вадејки се од ситуацијата истакна дека и таа ги забележала грешките, и дека ако нереагирала одбраната ќе реагирала самата таа.
И конечно, на крајот, од разговор помеѓу Миле Јанакиески и одговорно лице од Агенцијата за патишта Александар Стојанов, кои е јасно и недвосмислено дека разговараат за висината на гаранцијата, станува јасно што всушност разговараат Груевски и Јанакиевски во оној разговор каде се спомнува онаа фраза позната на јавноста ,,пет од целото,,. Станува јасно дека македонската страна се двоумела и меѓусебно разговарала колкава да биде висината на гаранцијата на договорот, дали да е 5, 10 или друг процент од целиот износ.
Патем речено, тој разговор каде се спомнува фразата ,,5 од целото,, , СЈО воопшто го нема предложено за доказ, иако се експлоатираше во јавноста но и умешно од самото СЈО за да се создаде перцепција дека разговорот бил од коруптивна природа, а од денешниот разговор помеѓу јанакиевски и Александар Стојанов се сваќа дека дебатата е за висината на гаранцијата. Дел од присутната јавност замина од судницата со чуство на горчина за нечисти игри од страна на СЈО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст