Во периодот од 23.30 часот синоќа до 03.00 часот денеска по полноќ, полициски службеници од СВР Тетово и од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово спровеле акциска контрола во угостителски објект во село Добридол, гостиварско, сопственост на Б.Р. (25) од истото село.
Притоа, во објектот биле затекнати седум женски лица (танчерки) а од нив четири биле странски и три државјанки на Република Македонија.Четирите странски државјанки (три од Република Косово и една од Република Словенија), на возраст од 20 до 32 години, поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта, биле приведени и задржани во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка.
Во исто време била спроведена акциска контрола и во угостителски објект во село Чегране, гостиварско, во кој биле затекнати осум женски лица, сите македонски државјанки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст