| четврток, 6 декември 2018 |

Данев: ЕУ ги потврди нашите тврдења дека Владата не работи и не спроведува реформи

Ова владеачко мнозинство во услови кога беше во опозиција на ширко и на долго зборуваше дека во Република Македонија особено во Собранието е потребно дебата, а сега бега од дебата, ова во изјава за медиуми го потенцираше координаторот на Пратеничката гупа на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев.

– Вчерашната порака од Европската унија јасно и гласно ги потврди нашите тврдења во претходните неколку месеци дека на Република Македонија не и треба штанцање закони туку и треба имплементација на тие закони и дека и треба една вистинска реформа на институциите, а не само обична фасада која се покрива со овие штанцања на закони во Собранието на Република Македонија.

Тој додаде дека членовите во независните и регулаторнтие тела на треба да се менуваат со закон.

– Изминатите денови бевме сведоци на именвуање на претседател на едно регулаторно тело со закон и сега власта продолжува со истотот темпо и во иста насока. Така Република Македонија не е блиску, туку напротив е далеку од евроинтегративниот процес, впрочем вчерашната порака во Европската Комисија е многу јасна и децидна, можеби датум за преговри 2019 јуни месец, нагласи Данев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top