| четврток, 6 декември 2018 |

Мирјана Марковиќ, сопругата на Милошевиќ осудена една година затвор

Вишиот суд во Белград денеска ја осуди поранешната претседателка на ЈУЛ и сопруга на Слободан Милошевиќ, Мирјана Марковиќ на една година затвор поради влијание на членови на владината комисија за извршено незаконско доделување на државни станови во 2000 година.

Со истата пресуда, на година дена затвор е осудена и поранешната секретарка на Владата на Србија, Живка Цица Кнежевиќ, а тогашниот директор Дипос, Милош Лончар е осуден на една година затвор поради кривичното дело злоупотреба на службената положба. Марковиќ е осудена бидејќи ги поттикнувала двајцата да го извршат тоа кривично дело.

Марковиќ е осудена во отсуство, бидејќи е недостапна за правосудните органи на Србија и за неа во 2005 година е распишана меѓународна потерница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top