| четврток, 6 декември 2018 |

(Фото) Уапсен италијанскиот Ескобар

h_50908394Во Италија стигна најбараниот криминалец во светот. Колумбиската полиција го уапси најбараниот европски трговец со дрога, шефот на италијанската калабријска мафија, Роберто Панунци. Италијанскиот Ескобар, како што е познат во „фелата“ е фатен при шопинг низ центарот на Богота.

Тој е во бегство од 2010 кога побегна од болница во Рим, каде побарал помош додека беше во затвор. Обвинет е за воспоставување „линија“ за транспорт на дрога од Италија до Колумбија.

Се верува дека е на чело на Ндрангета, дел од калабријската мафија, со која во Европа носи околу два тона кокаин месечно. Во апсењето во колумбија помогнала и американската полиција.

При апсењето имал лажни венецуелски документи на име Силва Мартино.

Ова му е трето апсење во Колумбија, откако во 1994 е пуштен од притвор заради истечен рок, во 2004 е уапсен и осуде, во 2010 организира бегство од Рим (однесен во болница заради „срцеви проблеми“).

Од фотографиите се гледа дека ниту сега не е многу загрижен од апсењето.

За италијанските власти ова негова мафија е меѓу најопасните и со најдобро организиран криминален синдикат. Преземајќи го приматот од Сицилијанската мафија, Ндрангета беше дело на анализа и на Европол кој стравува дека сега, со економската криза во ЕУ, мафијата многу лесно влегува во чесните бизниси за да си ги испере парите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top