Два нови протеста против Договорот со Македонија и за „грчкиот карактер на Македонија“, ќе се одржат вечер во Солун, според солунските медиуми.
Едниот е закажан за 19 часот по локално време, пред министерството за Македонија и Тракија во Солун, а другиот еден час подоцна и ќе има карактер на протест со мотори.
Според локалните медиуми, двата протеста се организирани по повик на социјалните мрежи.
Како што јави дописничката на МИА од Грција, паралелно, антифашистички и антинационалистички собир закажаа анархистички организации од Солун.
Тие го повикуваат народот да им се придлужи во блокадите против национализмот и фашизмот како одговор на протестот што ќе се одржи пред Министерството за Македонија и Тракија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст