| четврток, 6 декември 2018 |

Капитен, но и селектор: Меси на полувреме им држеше мотивациски говор на соиграчите (фото)

Аргентина вечерва ја слави победата од 2-1 против Нигерија и пласманот во осминафинале на Светското првенство во Русија. Лионел Меси играше катастрофално во првите две средби на Аргентина, но денеска покажа малку подобра игра.

Сепак, во центар на внимание беше еден момент од полувремето, кога Меси им одржал мотивациски говор на своите сонародници, со кои заедно на крајот ја прославија големата победа. Поголемиот дел од светските медиуми веќе јавија дека Санпаоли само формално е на селекторското место, бидејќи по двата порази и очајната игра, довербата во него веќе е изгубена, а овие слики потврдуваат дека овие тврдења не се далеку од вистината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top