| четврток, 6 декември 2018 |

Недостиг на пиво на Мундијалот во Русија

Светското првенство во фудбал и големиот број на навивачи од целиот свет, кои секојдневно пијат огромни количини пиво, предизвикаа недостиг на овој напиток во Русија.

Прва која уште во понеделникот испрати 20 камиони со пиво за Русија е пиварата „Егер“ од Австрија.

– Испорачавме 840.000 лименки или 420.000 литри пиво во Русија, е наведено во соопштението од пиварата.

Според директорот за продажба и маркетинг на „Егер”, Бернхард Посер, ова е добра можност за нивниот бренд, бидејќи Русија е важен пазар и воедно се надева дека нивните производи ќе ги пробаат навивачи, кои доаѓаат од различни делови на светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top