
Вечерва репрезентацијата на Аргентина можеби ќе го одигра послендиот натпревар на ова СП, а нивната ѕвезда Лионел Меси можеби ќе го забележи својот последен настап на едно Светско првенство. „Гаучосите“ ги чека тешка битка со Нигерија и Исланд за второто место во групата, а освен победа, на Аргентина ќе и треба и Исланд да не победи над Хрватска.
Аргентинскиот весник „Ел Конфиденсиал“ тврди дека сопругата на Меси, Антонла Рокуцо го убедила својот сопруг да не се откаже од Мундијалот во Русија уште по тешкиот пораз од Хрватите од 3-0. Според весникот, Меси пристигнал во Русија со „проблеми со стомакот“, но никој не обрнал внимание за тоа.
По промашениот пенал против Исланд (1-1) дојде катастрофата против Хрватска (3-0), а весникот вели дека притисокот над Меси бил толку голем од целата нација што тој бил на чекор да си замина од репрезентацијата.
Меѓутоа, тука главна улога одиграла неговата сопруга Антонела, а Меси откако поминал време со неа и со нивните два сина, Аргентинецот го сменил мислењето и решил да не се предава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


