| четврток, 6 декември 2018 |

Крадел пари, патики, апарати: 15 – годишно момче во Кичево извршило 4 кражби

Полициската станица Кичево поднесе кривична пријава против 15-годишник од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба“.

Во периодот од 31 мај до 12 јуни оваа година со погоден предмет ги отворил вратите на една сендвичара, еден ресторан и две продавници во централното градско подрачје во Кичево, каде што влегол и одзел пари, патики, техничка стока и други поситни предмети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top