| четврток, 6 декември 2018 |

Шефовите им забраниле да носат шорцеви на работа: Градежните работници го заобиколиле правилото, глетката била урнебесна (фото)

Група градежни работници од Англија биле незадоволни кога нивните претпоставени им забраниле да носат кратки панталони на работа за време на летото додека температурата била над 30 степени целзиусови. Работниците, кои биле на задача во Честер, биле крајно револтирани од новата безбедносна мерка, но бргу нашле начин како да ја заобиколат.

– Прво ми дојде на памет да си најдам друга работа, но сите колеги не можеа тоа да го направат. Навистина во работничките панталони или пак во фармерки да работиш за време на горештините е неиздржливо, па се сетивме на овој трик, изјавил Сајмон Џонс (45) за британски Сан кој пишува дека глетката како десетина градежници работат на објект во женски фустани за минувачите и мештаните била урнебесна.

Градежните работници признале дека оваа идеја им дошла од учениците кои исто така пред некое време се решила на ваков потег откако било забрането носење на кратки пантолони во дел од училиштата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top